Во светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” – Каменичка парохија, денеска беше отслужена воскресна утрена и Божествена Литургија, со која началствуваше Неговото Преосвештенство Епископ делчевско каменички, г. Марко, во сослужение со свештеници од архиерејското намесништво.

Во својата беседа, Владиката Марко потсети на вистинското значење на љубовта во христијанскиот живот, истакнувајќи дека човекот нема непријатели меѓу луѓето, бидејќи сите сме созданија Божји. „Вистинскиот непријател е нечестивиот, кој преку омраза и завист го разделува човекот од Бога и ближните,“ рече тој.
Верниците молитвено учествуваа во светата тајна на Евхаристијата, а богослужбата заврши во дух на љубов, мир и благодарност кон Бога.
Повеќе на линкот: https://www.facebook.com/share/p/1Ts64rXtr5/


