
Успешно реализирана крводарителска акција во Делчево – собрани 78 единици крв
Општинската организација на Црвениот крст Делчево успешно ја реализира редовната ноемвриска крводарителска акција, на која беа собрани вкупно 78 единици крв – нова надеж и можност за спас на многу животи.
Акцијата се одржа во просториите на ООЦК Делчево, каде уште еднаш победи хуманоста и солидарноста на граѓаните.
Од организацијата упатуваат голема благодарност до сите доброволни крводарители за нивната несебичност и хуман гест.
Дарувај крв – спаси нечиј живот!

