Ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ во посета на градоначалникот на Делчево
Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, денеска во својот кабинет ги прими учениците од петто одделение при ООУ „Св. Климент Охридски“.

На средбата, која помина во пријатна и инспиративна атмосфера, учениците имаа можност да се запознаат со работата и одговорностите на градоначалникот, како и со начинот на функционирање на локалната самоуправа.
Гоцевски изрази задоволство од нивната љубопитност и активност, истакнувајќи дека токму младите се иднината на градот. „Младоста има предност, а иднината на нашиот град е во овие деца,“ порача тој.
Градоначалникот им се заблагодари на учениците за посетата, охрабрувајќи ги да продолжат да бидат упорни, љубопитни и ангажирани граѓани кои со своите идеи и знаења ќе придонесуваат за поубав и помодерен Делчево.


