Македонска Каменица, 08. Ноември 2024 година – Успешно е спроведена Јавната набавка за замена на фасадната столарија на дел од горниот кат на СОУ “Миле Јаневски Џингар” во Македонска Каменица. Активноста е дел од нашите тековни заложби за зголемување на енергетската ефикасност и обезбедување на подобри услови во училиштето, – велат од општина Македонска Каменица
– Ве уверувам, дека во соработка со сите образовни и воспитни установи во нашата општина ќе продолжиме да инвестираме и посветено да работиме за подобрување на воспитно – образовната средина, создавајќи подобри услови за учење, престој и работа во истите, – истакнува градоначалникот Димчо Атанасовски на крајот од својата ФБ објава
Проектот, кој треба да биде реализиран во следните 35 денови, предвидува инсталирање на прозорци од висококвалитетен ПВЦ профил со седум комори, што ќе придонесе за оптимална термоизолација. Вредноста на договорот изнесува 910.511 денари со вклучен ДДВ.

