Македонска Каменица, 24. Септември 2024 година – Денеска, во рамки на своите наделжности и работни обврски, градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски изврши увид во градежните активности за асфалтирање на локалниот пат кој води до Чобанско маало во село Костин Дол, со должина од 1500 метри.

Како што изјави градоначалникот Атнасовски, „станува збор за проект од витално значење за жителите на оваа наша рурална средина и дека претставува прва поголема инфраструктурна инвестиција и прв асфалтен пат, кој воопшто е изграден во село Костин Дол, од осамостојувањето на Република Македонија до денес“.

– Убеден сум, дека со изградбата на подобра патна инфраструктура, ќе ја зголемиме сообраќајната поврзаност, условите за економски развој и ќе обезбедиме далеку подобар квалитет за живот на нашите жители и во крајните рурални населени места, – додаде Атанасовски во изјавата каде дополни дека „Покрај асфалтирањето на делницата, од страна на изведувачот на градежните работи „Коле Транс Инженеринг“ ДОО – Штип, претходно беа извршени активности за изградба на систем за одводнување на атмосферските води од коловозот“.
ВИДЕО ИЗЈАВАТА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АТАНАСОВСКИ МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК: https://www.facebook.com/share/v/cqeJDrREB4fNRjpZ/

За изградба и асфалтирање на оваа делница, во должина од 1500 метри, инвестиравме приближно 6,5 милиони денари од буџетот на нашата општина.



