Македонска Каменица, 23. Септември 2024 година – ЈП Камена Река, како претпријатие задолжено за одржување и нормално финкционирање на канализациониот систем во урбаната и приградските средини на Македонска Каменица, започна со изградба на атмосферска канализација на улицата 4 Јули.
– Станува збор за изградба на крак со должина од 96 метри, на улица 4 јули. Со реализацијата на овој проект, обезбедуваме услови за подобрување на инфраструктурата и значително намалување на ризикот од поплавување. Се надеваме, дека во иднина ќе бидат надминати потешкотиите на жителите од овој дел на градот кои се создаваа во периоди со обилни врнежи, – велат од ЈП Камена Река



