
Македонска Каменица 18.08.2018 година- Општина Македонска Каменица во соработка со ЈП Камена Река, како извеувач на работите започна со редовно обележување на хоризонталната патна сигнализација во градот. Исклучително значаен елемент за зголемување на безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот.
По склучениот договор за дизајнирање, изработка и достава на 76 сообраќајни знаци и држачи за истите со „Виа Сигнал“ ДООЕЛ од Скопје, општина Македонска Каменица целосно ќе ја доуреди и обнови сообраќајна сигнализација во градот. Краен рок за достава на сообраќајните знаци е средината на идниот месец, а сумата која општината ќе ја плати за услугата изнесува 115 292 денари.
