Во текот на денешниот ден (петок) од север кон нашата територија ќе се спушта значително посвежа воздушна маса која ќе услови умерен до засилен северен ветер кој ќе услови позначителен пад на температурите на воздухoт.

Времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кој поинтензивни ќе бидат во северните и во централните предели на државава каде локално ќе наврнат од 10 до 20 л/м2 воден талог, локално можно и повеќе.
На истокот на државава има услови за ретки грмежи.
Поради падот на температурите на воздухот на највисоките планини ќе има услови за врнежи од снег.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени додека на југоисток истите ќе се искачат до околу 20 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба.

