Родители крвнички ја истепале својата дваесет и четиригодишна ќерка, затоа што одбила да им ја даде платата.
Случајот на семејно насилство го пријавила жртвата. Таа додека седела во нејзината соба влегла мајка и’ и побарала да и’ ја даде целата плата, на што се спротивставила. Тогаш мајка и’ почнала да ја влече за коса, додека татко и’ неколку пати со тупаници ја удрил по главата и телото, нанесувајќи и‘ видливи повреди.

Нешто подоцна, родителите повикани се во Полициската станица Тетово. Се работи на расчистување на случајот и ќе следува соодветен поднесок.
Вчера била физички нападната и триесет и осумгодишна скопјанка која времено престојувала во Гостивар.
Таа пријавила дека била нападната од дваесет и тригодишен жител од гостиварското село Здуње, со кого била во љубовна врска.

-Пријавениот дента во неколку наврати влегол и излегол од најзиниот стан, во кој живеела под кирија, по што околу 18 часот и 30 минути ја нападнал додека била пред влезот на станбената зграда, ја соборил на земја и повеќе пати ја удрил со тупаници по главата и телото, од што задобила видливи повреди и од друго лице, кое ги разделило, била пренесена во гостиварската болница, за да и’ се укаже лекарска помош, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Напаѓачот е повикан е во Полициската станица Гостивар и се расветлува пријавеното, по што ќе следува поднесок.
Целиот текст на: Канал77.мк

