
Камион со приколка и со над 33 илјади килограми експлозивен материјал бил украден во Белгија. Ова предизвика голема паника во цела Европа.
Поради кражбата на материјалот кој главно се користи за правење бомби, Интерпол веднаш го огласил алармот, а предупредувањето било издадено до сите европски полиции. Кражбата се случила во саботата во градот Заделгем, а е позната и регистарската табличка на камионот, но засега нема повеќе информации за инцидентот.

Посебно, во состојба на узбуна се разузнавачките агенции и граничните полиции во Луксембург, Холандија, Белгија, Германија, Франција и Италија. Како што јавуваат европските медиуми, камионот превезувал материјал познат како радијацид, што е општ назив за производи на една белгиска компанија.

Белгиската полиција верува дека крадците веќе ги замениле таблиците на камионот и дека имаат намера да ја напуштат земјата.
