Обновена фреската на Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица

Обновена фреската на Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 12. Октомври 2023 година – Поради постојана изложеност на атмосферски влијанија видно беше оштетена фреската на надворешниот дел од фасадата на храмот посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица.

Обновата на фреската доаѓа по иницијатива на свештенството при Светиот храм во Македонска Каменица и дадениот благослов од Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко.

Реставрацијата на фреската, од зографот Валентин беше започната на 2. Октомври о.г. Истата, со божја помош за само неколку денови беше успешено завршена.

Пресвета Богородица моли го Христа Бога за нас грешните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *