Смената на тренерот вроди со плод. Саса дојде до првата победа во сезоната

Смената на тренерот вроди со плод. Саса дојде до првата победа во сезоната

Прва победа за ФК Каменица САСА во годинешново второлигашко натпреварување. Победата од 0:2 доаѓа под водство на новиот тренер на каменичкиот клуб, Љупчо Димитковски Гањо кој дојде на тренерската позиција пред само две неполни недели. Димитковски е поранешен успешен фудбалер и тренер. Во Македонска Каменица даѓа од Кавадарци, по смената на тренерот со кој ФК Каменица Саса ја започна сезоната, Иван Варадиновски од Штип. Смена во клубот има и на позицијата помошник тренер, каде ново име е Дејан Јаневски од Македонска Каменица, поранешен фудбалер на Саса.

Фото: sitel.com.mk

Стрелци на денешниот натпревар беа Игор Ѓеоргиев во 47 минута и Тони Мичковски, кој во 68 минута стрелаше за конечни 0:2 на стадионот во Тетово. Двата гола беа постигнати од игра, по неколку прецизни додавања и одлично нафрлени топки. Резултатот на натпреварот само ја потврди целосната доминација и надомоќ на гостите. Домаќините треба да бидат задоволни со овој резултат, бидејќи разиграната Саса можеше лесно да постигне барем уште неколку голови во нивната мрежа.

Каменица САСА, после одиграни 5. Кола во Втората фудбалска лига на Македонија имаше само два бода и два постигнати погодоци. Се надеваме дека оваа победа ќе даде дополнителна мотивација кај фудбалерите на ФК Каменица САСА во следниот натпревар против скопски Вардар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *