Скандал во Тетово: Навивач удри фудбалер на Саса, па низ нивите и бегаше на полицијата (ВИДЕО)

Дека македонскиот клуски фудбал е на најниски можни гранки покажа и денешниот скандалозен инцидент во Тетово на второлигашката пресметка помеѓу Тетекс и ФК Каменица Саса (0-2), на која пред самиот крај навивач, најверојатно на домашниот тим, втрча во теренот и му удри бокс на гостинскиот напаѓач, Бошко Ступиќ.

Тој веднаш во полн спринт се упати кон дупка во оградата на стадионот, ако игралиштето со вештачка трева воопшто може така да се нарече, по што ѝ побегна на полицијата.

Присутните припадници на МВР продолжија да го бркаат по тетовските ниви, но не успеаја да го фатат.

Збунетиот судија набрзо по инцидентот означи крај на средбата, која дефинитивно ќе има трето полувреме и ќе донесе жестока казна за екипата на Тетекс.

Извор: netpres.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *