ЗАПОЧНУВА ПОДНЕСУВАЊЕТО НА БАРАЊА ЗА ЕДНОКРАТНА ПОМОШ ЗА ПРВАЧИЊА. ЕВЕ КОИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ

ЗАПОЧНУВА ПОДНЕСУВАЊЕТО НА БАРАЊА ЗА ЕДНОКРАТНА ПОМОШ ЗА ПРВАЧИЊА. ЕВЕ КОИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ

Општина Македонска Каменица го објави Повикот за исплата на еднократна парична помош за првачиња во висина од 3000 денари. Пријавувањето започнува од утре, понеделник 03.10.2022 година и ќе трае до петок 28.10.2022 година.

Семејствата кои имаат прваче, како што стои во објавениот текст од градоначалникот Димчо Атанасовски, можат да поднесат барање за паричната помош во архивата на Општина Македонска Каменица секој работен ден до 15.30 часот. Образецот Барање за аплицирање се пополнува во просториите на Општина Македонска Каменица, во прилог се доставуваат следниве документи:

  1. Потврда во оригинал за запишан ученик во прво одделение издадена и заверена
    од ООУ„Св. Кирил и Методиј“ ;
  2. Фотокопија од извод од матична книга на родените (за детето-прваче);
  3. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа за еден од
    родителите/старателите од кој се видни податоците за живеалиштето во општина
    Македонска Каменица, или уверение за жителство не постаро од 6 месеци; и
  4. Фотокопија од активна трансакциска сметка за истиот родител/старател.

 

Градоначалникот Атанасовски во понатамошниот дел од текстот наведува дека, општина Македонска Каменица станува лидер во Македонија по инвестиции во најмладите.

“Веќе од првите месеци на 2023 година ќе биде воведена и бесплатна исхрана за дечињата во Детската градинка „Бамби“ и во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ за што ќе бидат издвоени средства од општинскиот буџет” – вели градоначалникот Атанасовски, кој дополнува дека, “сите овие мерки се особено значајни со оглед на фактот дека се соочуваме со се посериозна енергетска и економска криза”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *