Адвокатското Друштво Пепељугоски донираше дидактичко- едукативни материјали во подрачното училиште во село Саса (ФОТО)

Македонска Каменица, 13. Декември 2022 година – Адвокатското Друштво Пепељугоски од Скопје, денеска донираше дидактичко едукативни материјали во подрачното училиште со село Саса.

При донирањето на материјалите за потребите на основното училиште во село Саса, од Адвокатското Друштво Пепељугоски го истакнаа задоволството од срдечната средба со учениците. Изразија надеж дека доволно ги испирираа и мотивираа учениците да се стремат кон знаење и градење на успешни кариери.

– Како Адвокатско Друштво Пепељугоски остануваме посветени во овозможувањето на услови за младите да успеат. Веруваме дека секое дете треба да има пристап до квалитетно образование. Само со посветена работа, решеност и упорност, младите можат да ги остварат своите соништа, – истакна Ана Пепељугоска

Директорот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Виктор Ѓорѓиевски во знак на благодарност за донацијата, на претставниците од Адвокатското Друштво Пепељугоски им врачи Благодарница за донација на материјални средства за подрачното училиште во село Саса.


Истакнувајќи ја својата благодарност за донираните дидактичко едукативни материјали, Ѓорѓиевски потенцираше дека на овој начин се збогатува образовниот процес. Ова е само потврда за хуманоста на Адвокатското Друштво Пепељугоски, кои и во услови на економска криза успеваат да донираат.

– Уште еднаш, во име на учениците и наставниците при подрачното училиште во село Саса, во име на Општина Македонска Каменица изразувам благодарност за донацијата бидејќи ова придонесува за спроведување на поубаво, поразлично и поквалитетно образование, – дополни директорот на училиштето, Виктор Ѓорѓиевски.

Покрај посетата на подрачното училиште во село Саса, претставиниците од Адвокатското Друштво Пепљугоски имаа прием во кабинетот на градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *