Возило пред Штип се запали во движење, а уште две завршија во него. Место на незгодата е 8-миот километар на патот Штип Радовиш.
Се тргнало на лошо, кога возачот од првото возило кое горело, застанал и со сопругата се обидел да излезе надвор. Обидот завршил лошо, зашто друго возило удрило во запалениот автомобил, а третото во второто возило.
Голема среќа е што сопружниците не завршиле прегазени на патот, но сепак, има сериозно повредени. Едниот е префрлен во Штипската клиничка болница, а другиот во нешто подобра состојба е однесен во Струмичката.