Штип: Запалено возило во движење предизвика верижен судир при што повеќе лица се сериозно повредени

 

Возило пред Штип се запали  во движење, а уште две завршија во него. Место на незгодата е 8-миот километар на патот Штип Радовиш.

Се тргнало на лошо, кога возачот од првото возило кое горело, застанал и со сопругата се обидел да излезе надвор. Обидот завршил лошо, зашто друго возило удрило во запалениот автомобил, а третото во второто возило.

Голема среќа е што сопружниците не завршиле прегазени на патот, но сепак, има сериозно повредени.  Едниот е префрлен во Штипската клиничка болница, а другиот во нешто подобра состојба е однесен во Струмичката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *