Не ја исплатиле вработената во “кабарето”, таа им одзела предмети од објектот

Кривична пријава против Б.И.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,тешка кражба” и ,,лажно пријавување” поднесе СВР Охрид.

Б.И. во декември минатата година отишла пред ресторанскиот дел од кабарето „Астор“, лоцирано во населбата Бејбунар во Охрид, сопственост на А.Ф. од Охрид и со клучот, кој само таа го поседувала, ја отклучила вратата од ресторанскиот дел, влегла внатре и одзела два звучника, појачало, ледомат, затоа што не била исплатена за сработеното. Одземените предметите ги продала на непознато лице. Б.И. делото го пријавила во полиција, иако знаела дека тоа не е извршено од страна на непознати лица. Со опишаното дејствие пријавената се стекнала со противправна имотна корист во висина од 20.000 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *