ПРОГНОЗА ЗА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА ЗА НАРЕДНИОТ ПЕРИОД

Денес е четврток, 2 ноември 2017 година, 306-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:01, а ќе зајде во 16:32 часот. Денот ќе трае 10 часа и 31 минути.

И ова утро во Македонија денот го започнуваме со ведро и невообичаено студено утро за овој период од годината со утринските температури кои што се неколку степени под повеќегодишниот просек за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по студеното утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -6 до 4 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време со осетен пораст на дневните температури. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветрер, а во западните предели ќе дува доумерен слаб западен и југозападен ветер. Максималните дневни температури денес низ Македонија ќе достигнат до 11 односно до 20 степени. СКОПЈЕ – Во Скопје по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време со пораст на температурата. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималната дневна ќе достигне до 16 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во петок и сабота потопло утро со дополнителен пораст на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -2 до 7 односно од 0 до 9 степени. Во текот на денот ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди и топло време со дневни температури кои што ќе достигнат од 11 до 20, односно од 9 до 18 степени, со напомена дека во сабота попладне намалување на облачноста и се повеќе сончеви периоди. Во недела по студеното утро со утрински температури од -4 до 5 степени а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време со дневна температура од 11 до 20 степени. Во понеделник претежно сончево и топло време. Минималните температури од -2 до 7 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 12 односно до 21 степен.

КАМЕНИЦА 5 ДЕНА – Во Каменица во петок умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Утринската температура од 3 степени, додека пак максималната дневна температура до 16 степени. Во сабота потопло утро со утринска температура од 5 степени а во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и температура до 14 степени. Во недела и понеделник повторно пад на утринските температури кои што ќе се спуштат на 1 односно на 3 степени, а во текот на денот ќе биде сончево и потопло време со дневна температура која што ќе достигне до 16 односно до 17 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *