На Денот на пожарникарите формирано првото доброволно противпожарно друштво во Македонска Каменица

По повод Денот на пожарникарите, денеска во Македонска Каменица е формирано првото доброволно противпожарно друштво ДПД “САСИ” – Македонска Каменица.

Доброволното противпожарно друштво, согласно статутот, ќе функционира како доброволна, хуманитарна и непрофитна граѓанска организација. Основна цел на друштвото е помагање при гаснење на пожари и справување на елементарни непогоди.

Веќе од понеделник, ДПД “САСИ” Македонска Каменица ќе објави Јавен повик за нови членови, на кој ќе можат да се пријават сите заинтересирани граѓани на Македонска Каменица, без разлика на пол, вера, возраст и национална припадност. По завршувањето на Јавниот повик ќе биде извршена обука на кандидатите, како и средби за вмрежување со останатите доброволни противпожарни друштва во регионот и државата.

Од ДПД “САСИ” Македонска Каменица ја искористија симболиката на денешното одбележување на Денот на пожарникарите, при што ја искористија приликата да им го честитаат празникот на сите пожарникари во Македонија.

Формирањето на доброволното противпожарно друштво е од особена важност за заедницата, бидејќи ќе обезбедува дополнителна сигурност и логистика при едентуални непогоди и катастрофи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *