Бадел 1862 со „брејк“ во Македонска Каменица стигна до 3:1 во победи

Во изедначената игра во првата четвртина подобро се снајдоа домашните кошаркарки кои реализираа во последниот напад од првата четвртина за предност од 20-17. Добриот ритам Баскет Кам го задржа и на отварањето на втората четвртина во која стигна до предност од 27-19 за подоцна да влезе и во серија зад линијата 6,75 со која поведе и со двоцифрена предност (37-24). Сепак гостите успеаја да ги консолидираат своите редови, заиграа далеку подобро во нападот и одбраната, а со мирната рака од линијата за слободни фрлњата ја ублажија негативата на 42-35 на полувремето.

Отварањето на второто полувреме не донесе многу промени на паркетот, а гостите од Скопје продолжија да ја намалуваат негативата за во финишот на третата четвртина и да поведат со 55-57, но Алексиќ со тројка во последниот напад ја врати предноста за својот тим (58-57). Изедначаната игра продолжи и во последната четвртина, а прв иницијативата ја превзема Бадел кој преку добриот проток на топката стигна до предност од 62-71 која беше преголем залак за домашниот тим и покрај налетот со кој стигна до негатива од само два поена (71-73) на две минути пред крајот.

Снежана Алексиќ беше предводничка на Баскет Кам со 25 поени и 4 асистенции, додека неа ја следеше Пуљизовиќ со 18 поени и 8 скока. На спротивната страна 27 поени и 6 асистенции забележа Александра Стојановска, додека 20 поени и 13 скока додаде Метју.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *