(ФОТО/ВИДЕО) Денот на пожарникарите во Македонска Каменица одбележан со едукативна посета на детската градинка “Бамби”

 

Одбележан Денот на пожарникарите во Македонска Каменица

Со посета на детската градинка Бамби, пожарникарите при ТППЕ Македонска Каменица ги започнаа активностите за одбележување на нивниот празник.
Посетата на “Чичко пожарникар” во “Бамби” кај дечињата донесе многу радост и задоволство. Им беа презентирани и редица, прилагодени за возраста, едукативни содржини поврзани за пожарникарството, причините за настанување на пожар, како и заштита при настанување на истите.


По повод денешниот празник на пожарникарите, командирот на ТППЕ Македонска Каменица, Малин Трајчевски покрај честитките до колегите пожарникари, даде краток осврт за значајот од ваквите едукативни настани, каде дечињата можат непосредно да се запознаат со професијата пожарникар.

Директорката на детската градинка “Бамби”, Тодорка Велиновска изрази благодарност до пожарникарите за одлично организираниот настан, при што на чуварите на нашата сигурност и безбедност, им го честиташе денешниот празник.

Во изјавата, командирот Малин Трајчевски, изрази благодарност до општина Македонска Каменица, која во континуитет работи на подобрување на условите за работа на противпожарната единица во Македонска Каменица.

Општина Македонска Каменица изгради нова и модерна противпожарна станица, постојано работи на зголемување и доопремување на машинскиот парк со нови специјализирани возила за гаснење на пожар во различни средини и услови, како и вложување во човечки ресурси за подобра екипираност на единицата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *