Според објавените прелиминарни резултати од денес одржаните општински натпревари по предметот Природни науки, Лука Стаменковски ученик во IV одделение при ООУ “Кирил и Методиј” – Македонска Каменица има освоено најмногу поени на истиот. Со овој најдобар резултат на сите општински натпревари во цела држава, Лука е неофицијален државен првак во областа на Природните науки после општинските натпревари.
Линк до прелиминарните резултати од Општинските училишни натпревари по предметот Природни науки: https://drive.google.com/file/d/0Bwg3L02u9U2oYkI2QzhFeEJod1E/view
На Стаменковски и неговите ментори од училиштето им претстои регионален натпревар веќе на почетокот од месец Април, а потоа и учество на државен натпревар на кој пак очекуваме да го повтори сегашниот успех со максимален број на поени.
Честа што Македонска Каменица традиционално имала вака успешни млади таленти и ученици што освојувале регионални и државни натпревари во повеќе области ни припаѓа на сите нам, а особено на нивните родители и менторите од училиштето.
Ние kamenica.mk на Лука Стаменковски му посакуваме одлични резултати и многу успех и во понатамошните битки на знаења со своите врсници.