Дали и колку корупцијата е застапена на универзитетите у државата?

Јавна тајна е дека има корупција на универзитетите во државата. Голем дел од студентите, знаат дека барање и земање мито има, но никој за тоа не зборува јавно и конкретно. Универзитетите најчесто таквите сознанија ги добиваат преку самоевулација, преку анкетирање на студентите, со полиња каде што тие можат да посочат некои видови на корупција. Пријава на корупција од страна на студент, досега до битолскиот универзитет немало. Доколку има тие би постапиле во рамки на нивните надлежности.

– Конкретни случаи не сме имале до нас , но верувајте анкетите во тие извештаи се како факти посочени, за состојбите на нашиот универзитет, изјави проф.д-р Сашо Коруновски, ректор на Битолскиот Универзитет.

Вчера во Ректоратот на УКЛО беше потпишан договор за соработка меѓу Универзитетот и Државната комисија за спречување на корупцијата , кој што договор, како што беше речено, ќе биде фокусиран на можноста студентите да добиваат знаења за брзо препознавање на корупцијата и нејзино спречување. Дали ќе се формираат посебни органи на секој факултет, и како тоа ќе функционира, сеуште не се знае .

– Посетата на студентите на нашата институција и запознавањето на студентите како ќе функционираме , е од голем бенифит за целото општество. Ова не се резултати кои што можеме да ги очекуваме утре. Дали ние ќе имаме испостава во универзитетите е рано да се каже бидејчи ние немаме толкав капацитет. Овие наши соработки ќе развијат други можности но и потреби , за кои понатаму ќе одлучуваме како ќе постапуваме, изјави Игор Тантуровски претседател на ДКСК

-Целта е да се зборува за корупцијата. Кога од Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги споделат искуствата, дури на скриени форми, студентите да се свесни на своите права. Ова е позитивна насока отворено да зборуваме за корупцијата, за која што ниту една институција не е имуна, но може да се фати во борба за ваквите појави, додаде Коруновски

Останува отворено прашањето дали со потпишувањето на договорот, во иднина студентите и професорите ќе ја препознаат корупцијата доколку ја има и ќе се охрабрат истата да ја пријават.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *