Македонска Каменица: Четврто одделенецот Лука Стаменковски има освоено најмногу поени на Општинските училишни натпревари во државата по предметот Природни науки

Според објавените прелиминарни резултати од денес одржаните општински натпревари по предметот Природни науки, Лука Стаменковски ученик во IV одделение при ООУ “Кирил и Методиј” – Македонска Каменица има освоено најмногу поени на истиот. Со овој најдобар резултат на сите општински натпревари во цела држава, Лука е неофицијален државен првак во областа на Природните науки после општинските натпревари.

Линк до прелиминарните резултати од Општинските училишни натпревари по предметот Природни науки: https://drive.google.com/file/d/0Bwg3L02u9U2oYkI2QzhFeEJod1E/view

На Стаменковски и неговите ментори од училиштето им претстои регионален натпревар веќе на почетокот од месец Април, а потоа и учество на државен натпревар на кој пак очекуваме да го повтори сегашниот успех со максимален број на поени.

Честа што Македонска Каменица традиционално имала вака успешни млади таленти и ученици што освојувале регионални и државни натпревари во повеќе области ни припаѓа на сите нам, а особено на нивните родители и менторите од училиштето.

Ние kamenica.mk на Лука Стаменковски му посакуваме одлични резултати и многу успех и во понатамошните битки на знаења со своите врсници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *