15 тони луцерка изгореа во пожар кој до темел пеплоса плавна во делчевски Град. Огнените јазици се појавиле пред два часот по полноќ по што е пријавено во делчевската ТППЕ. Борбата со огнот на пожарникарите била тешка, бидејќи во плевната бил сместен лесно запалив материјал, па пожарот е локализиран во 3, 30 мин, но плевната изгорела до темел. Од СВР Штип информираат дека причините за пожарот ќе ги утврди истрагата. Сепак, нашите информации зборуваат дека пожарот е подметнат, бидејќи ова било втор обид да се запали оваа плевна. Првиот обид за потпалување на плевната пред неколку месеци не бил успешен.