ЖФК КАМЕНИЦА САСА Е ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

Македонска Каменица, 27.05.2021 година – Не престануваат успесите на спортистките во Македонска Каменица. По освоениот Куп на Македонија и вчерашниот успех на ЖКК Баскет Кам со огромната победа од финалето против Бадел 1862, веќе денес ЖФК Каменица САСА го објави својот одличен клубски успех.

И официјално ЖФК Каменица САСА е шампион на Македонија и освојувач на првенството од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Ова е втора титула во низа за ЖФК Каменица САСА.

По овој повод, стратегот и тренерот клубот Зоран Златковски упатува благодарност и честитки до играчите, поддржувачите и навивачите на клубот, како и до спонзорите, љубителите на фудбалот и граѓаните на Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *