Македонска Каменица, 15.03.2021 година – Како што беше известено на официјалниот профил на социјалните мрежи на општина Македонска Каменица, во текот на изминатите денови се распишани тендерите за реконструкција и изградба на локалниот пат до село Цера (Крапевска, Стипцарска маала) и локалниот пат во село Тодоровци, до Албанска маала.


Со финансии од Меѓунароната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, минатата година Владата донесе Одлука за алоцирање на средства во износ од 70.000.000,00 евра.
Според претхоно утврден систем на доделување на средства за општините во државата и Град Скопје, општина Македонска Каменица доби 630.000,00 евра за изградба на овие локални патишта со кои ќе бидат изградени локалните патишта кон село Цера и во село Тодоровци.

