Кога мислам на Авто Школа мислам на АЦИКО

Нашето 20 годишно постоење, стручноста и професионалноста на инструкторите кои ја вршат обуката нека бидат ваш мотив и причина да ја одберете Авто Школата Ацико за обука од А1, А2, А, Б, Ц, ЦЕ и Д категорија

Располагаме со возила за сите категории и стручен кадар кој настојува да го пренесе своето знаење и долгогодишно искуство на секој кандидат и од него да направи совесен и примерен учесник во сообраќајот.
Особено внимание посветуваме на теоретската настава која е предуслов за започнување со практична обука и имаме нова група за теоретска настава секоја недела, за сите категории. За да им излеземе во пресрет на кандидатите од Македонска Каменица и да ја направиме теоретската настава подостапна отворивме канцеларија и училница во Македонска Каменица во која кандидатите ќе може да посетуваат теоретска настава, да ги добијат сите потребни информации за процесот на полагање, да вежбаат тестови, да подигнуваат документи итн.
Кандидатите на Ацико практичната обука и полагањето на полигон го изведуваат на нашиот сопствен полигон на влезот во Делчево кадешто можат секогаш непречено да вежбаат.  Причина плус зошто сме единствен избор за авто школа во градот и пошироко.
Канцелариите на Ацико во Македонска Каменица и Делчево се отворени секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Потребни информации можат да се добијат на следниве телефонски броеви:
+389 78 268 232; +389 77 533 344 и +389 78 391 306

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *