Со решение бр.17-3787/2016 од 01.02.2017 година од Министерството за култура, Берово и официјално е прогласено за „Град на културата“ за 2017 година.
Пријавата на Општина Берово, доставена на Конкурсот за финансирање проект од национален интерес за оваа културна манифестација, е прифатена, и согласно тоа, Општина Берово и Министерството за култура ќе склучат договор за финансирање, при што заеднички ќе бидат организирани мноштво културни настани.
Во рамки на програмата, планирано е да се одржат голем број на концерти, театарски претстави, ликовни изложби и неколку фестивали.
На Конкурсот на Министерството за култура, меѓу неколку други општини, аплицираше и општина Македонска Каменица.