Штип: Искршил цела клиника незадоволен од начинот на кој му била лекувана сопругата

Нервозен маж, револтиран од однесувањето на медицинскиот персонал кон неговата сопруга која била пациент, испокршил сè што му дошло до рака на Одделението за неврологија при Клиничката болница во Штип.

Најпрвин почнал да се расправа со дежурната медицинска сестра која од страв да не биде нападната ја заклучила вратата на Одделението. Но, мажот уште повеќе револтиран од ова, ја скршил влезната врата, а потоа сè што му дошло до рака во ординацијата.
Штипската полиција го потврдува инцидентот кој се случил на 11 февруари околу 16:40 часот и соопштува дека се работи за Т.С. (55) од Штип кој по првата расправија со медицинската сестра заминал, но по извесно време пак се вратил. Насилно влегол во затворената ординација и по жестоката расправија со медицинскиот персонал заминал во непознат правец. По комплетирањето на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *