3:0 за три нови бода на ФК Каменица-САСА

Денес на Градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра третотто коло од пролетниот дел на Трета фудбалска лига. Екипата на ФК Каменица – САСА повторно рутински го совлада ФК Малеш од Берово со високи три спрема нула. Натпреварот го отвори Зоран Златковски уште на самиот почеток на натпреварот, а за веќе сигурни 2:0 се погрижи Александар Атанасовски во триесетата минута од натпреварот. Стрелец на третиот гол за конечни 3:0 беше капитенот Сашо Велиновски.

Гледачи: 800

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *