Правилната употреба го прави “канабисот” навистина добар лек за повеќе болести

Канабиноидите како ТХЦ можат да помогнат во остранувањето на опасните протеини на деменцијата од мозочните клетки, изјавија научници на познатиот биомедицински калифорниски институт Салк.

Иако првичните резултати покажаа дека некои соединенија на канабисот еден ден можат да станат основа за нов лек за Алцхајмеровата болест, истражувањето не може брзо да напредува.

Научниците во првото истражување користеле мало количество синтетички произведени канабиноиди и успеале да го отстранат отровниот слој кој поради деменцијата се создава во мозокот.
47,5 милиони луѓе низ светот, имаат најчест облик на деменција или Алцхајмеровата болест.

Во институтот Салк во моментов работат тројца нобеловци, а меѓу научниците кои работеле таму има вкупно 11 добитници на Нобеловата награда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *