Газдите на текстилните фабрики од Македонија и Бугарија на иста мака. Откажуваат порачки поради недостиг на работна сила

Македонските и бугарските текстилни газди на иста мака. Работници нема, порачки се откажуваат, колата им оди надолу:
На прво место, најголем проблем ни е работната рака. Имаме недостиг и на квалификувани и на неквалификувани работници. Се обидуваме ова да го решиме со државна интервенција, нудиме курсеви и обуки, но работите одат тешко, изјави Јордан Беловедски, извршен директор на Браншова организација за текстил – Ќустендил.
Освен ова, двете земји осовено Македонија, се соочуваат со помалку нарачки за работа :
Не знам дали е преоден период или е резултат на политичката криза, но факт е дека имаме намалување на нарачките, особео од новите партнери. Иста е состојбата и во соседството. Засега не можам д акажам з аколкав процент е намалувањето, зашто се надеваме на брзо надминување на ситуацијата, кажа Маријана Перковска, прет. на Текстилен кластер на РМ.
Ова македонските и бугарските текстилни компании се обидуваат да го надминат со заеднички настап на трети пазари и со регионално здружување:
Сакаме да го промовираме регионот како место каде можат да се добијат услуги во изработка на секаков вид облека, а секако размислуваме и за заеднички бренд, појасни Наташа Сивевска, извршен директор на Текстилен кластер на РМ.
И нашите и вашите компании работат за европските земји. Намерата ни е, на странските партнери да им покажеме дека на овие простори можат да се направат квалитетни производи и да ги задржиме овде, дополни Беловедски.
Текстилната индустрија и во Македонија и Во Бугарија е трета стопанска гранка во државите и вработува околу 30 % од вкупниот број на вработени во стопанството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *