Повеќе улици и населби во Делчево добиваат нови имиња

Советниците на својата редовна 10 Седница донесоа одлуки за определување имиња на улици во населбите „Пролет“, „Сервисна зона“ и „Ѕвегорска река“. Советниците едногласно ги прифатија имињата кои се предвидени согласно со Листата  за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти за која претходно беше добиена согласност и од Владата на РМ .

Согласно со одлуката, во населбата „Пролет“ се определуваат имињата „Пролет“, „Борнова“, „Цар Самоил“, „Илија Такев Илиев“, „Мајка Тереза“. Куќните броеви  на улиците „Пролет“, „Борнова“, „Цар Самоил“, „Илија Такев Илиев“ и „Мајка Тереза“ ќе бидат определени од страна на Општина Делчево. Составен дел на Одлуката е мапа на населба „Пролет“ – Делчево со определени улици.

Согласно со Одлуката за определување имиња на улици во населбата „Сервисна зона“ во  градот Делчево, советниците донесоа одлука за следните имиња на улици: „Крсте Петков Мисирков“ „Димитрија Чуповски“, „Наум Охридски“. Куќните броеви на улиците „Крсте Петков Мисирков“, „Наум Охридски“и „Димитрија Чуповски“ ќе бидат определени од страна на Општина Делчево, а составен дел на оваа Одлука е мапа на населба „Сервисна зона“ – Делчево со определени улици.

Во населбата „Ѕвегорска река“ се определени следните имиња на улици: „Михаил Апостолски“, „Борис Трајковски“, „Васил Главинов“, „Св.Пантелемон“,„Јагодинска“, „Кемал Ататурк“ и „Султанија“. Куќните броеви  на улиците „Михаил Апостолски“, „Борис Трајковски“, „Васил Главинов“, „Св.Пантелејмон“, „Јагодинска“ ,„Кемал Ататурк“ и „Султанија“ ќе бидат определени од страна на Општина Делчево, а составен дел на оваа Одлука е мапа на населба „Звегорска река“ – Делчево со определени улици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *