Перо Антиќ заминува во пензија!?

По освоената шампионска титула со екипата на Црвена Звезда, српските медиуми најавуваат дека Перо Антиќ ќе замине во пензија.

Такво нешто тој кажа уште лани, но на полусезона се премисли и рече дека би можел да игра додека може. Во моментов ситуацијата околу него не е сосема јасна, но последните повреди, како што тврдат медиумите во Србија, најверојатно ќе го натераат нашиот кошаркар да се збогува со играњето кошарка.

Што и да одлучи, Перо Антиќ со златни букви ќе остане запишан во историјата на македонската кошарка. Не само затоа што освои титули со Работнички, Лукоил Академик, Олимпијакос, Фенербахче и Црвена Звезда, три пати ја освојуваше Евролигата и стана прв Македонец во НБА лигата, туку и затоа што има огромен придонес во развојот на овој спорт во земјава.

Веројатно многу брзо ќе стави крај на шпекулациите и ќе ја донесе конечната одлука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *