Црвена јабука на „Каменичко Културно Лето 2017“
Вчера, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица се оддржа втората вечер од манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2017“. Фантастичниот настап на „Црвена јабука“ предизвика одлична атмосфера кај каменичани и гостите кои пристигнаа од целиот регион.
Пред босанскиот бенд настапи македонскиот состав Риплеј.
Вечерва на програмата е една од најголемите балкански музички ѕвезди Владо Георгиев, а пред него вечерта ќе ја отвори група „Чардаш“.