Кучињата во Кочани повторно мета на монструмот што ги силува и убива

Монструмот од Кочани кој на јавноста им е добро познат по ѕверското малтретирање на кучињата скитници, повторно топ тема помеѓу здруженијата за заштита на животните.

Во напуштениот објект на улицата „Скопска“ во Кочани, членови на Здружението „Втора шанса“ наишле на уште една грозоморна сцена од изживување врз кучињата од страна на 41 годишниот кочанчанец.

-И понатаму си продолжува со малтретирање на животните. Последната жртва беше кутрето пронајдено силувано во средата во центарот на градот-изјави Викторија Апостолова, Здружение „Втора шанса“-Кочани

Од здружениетпо бараат помош од полицијата, затоа што не само што тој не одговара за неговите не дела, туку и јавно им се заканува на сите кои ќе укажат на неговиот не хуман однос кон кучињата.

-Ни се заканува да не одиме кај него, зашто ние сме го малтретирале. Па затоа ја замолуваме полицијата да ни помогне и да се најдат докази за овој случај-додаде Апостолова

Кочанчанецот им е добро познат на органите за прогон. Тој одлежа 3 и пол годишна затворска казна за семејно насилство и силување, а пред 3 години случајот го обелодени неговата мајка кога го обвини дека покрај кучињата, физички ја малтретирал и неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *