Зошто цела држава преминува од кирилица на латиница

Властите во Казахстан неодамна објавија дека земјата ќе се откаже од кирилицата и својот казашки јазик наскоро во целост ќе го изразува со латиничната алфабета.

Постои и предлог името на државата Казахстан на казашки повеќе да не се пишува како „Kazakhstan“ туку „Qazaqstan“. Се планира преминот латиница да започне до крајот на 2017 година. Казашкиот припаѓа на турското семејство јазици и е сроден со турскиот, азербејџанскиот и узбекистанскиот, кои веќе одамна ја користат латиницата.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: ДОГОВОР: Кој ќе смени „дизелаш“ добива 2.000 евра

Во текот на историјата, Казахстан се служеше со разни писма, па дури и со латиница, во периодот помеѓу 1929 и 1940 година. Кирилицата ја воведе Советскиот сојуз, откако воспостави контрола над Казахстан и во употреба е сè до денес. Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, ја предложи оваа промена уште во 2012 година.

Оваа недела владата најави составување нова комисија, која ќе ги разработи деталите за латиничното писмо. Ако сè оди според планот, државата сосема ќе премине од кирилица на латиница, вклучувајќи ги и сите ознаки и документација, до 2025 година.

извор: okno.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *