“Копачката” од Драмче вистинска атракција на фестивалот на ора и песни “Илинденски денови”

Здружението фолклорна група „Копачка“ од делчевското село Драмче е најуспешната група која презентираше традиционална музика и игра на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“, а особено внимание привлекло самото оро „копачка“.

Копачката е македонско машко соборско оро, кое потекнува од селото Драмче, во областа Пијанец, во околината на Делчево. Изведувачите се мажи кои се држат за појас, со левата рака пред десната. Орото се игра полетно и темпераментно, со мали, брзи чекори на полустапалата.

Тоа обилува со потскоци, доскоци, странични движења, ножици и поткопнување со нозете по подот, од што е произлезено името на орото.

Од 2014 година, орото Копачка од Драмче се наоѓа на  репрезентативната листа на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *