ЕУ планира да ги одвраќа луѓето од флаширана вода

Европската унија планира да го промени правилникот за квалитет на водата за да спречи нови можности за опасност по здравјето и го ограничи пластичниот отпад. Планот на ЕУ е да ги одврати луѓето од пиење флаширана вода.

Европската комисија соопшти дека новите правила ќе ги обврзат 28те земји членки да го подобрат пристапот до вода за пиење и подобро да ги информираат граѓаните за квалитетот на водата, пренесува АП.

Со овој потег се очекува да се зголеми довербата во водата за пиење од чешма и да се одвикнат луѓето од флаширана вода, бидејќи пластичките шишиња за вода се најброен пример предмети за еднократна употреба на европските плажи.

Цената на водата од чешма изнесува околу 0,2 евра по литар, што е многу поевтино од флаширана вода, а потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс изјави дека дколку луѓето знаат што е поевитно и дека со тоа не го ризикуваат своето здравје, ќе донесат поинаков избор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *