Ограбен жител на Делчево: останал без 30.000 денари на својата сметка

Делчевец останал без 30.000 денари. Од сметка парите му ги извлекол жител на Неготино. Како неготинецот дошол до кредитната картичка на делчевецот, нема информации.

Познато е само дека тој кај себе ја имал и картичката и го знаел нејзиниот пин, па без одобрение и знаење на делчевецот, од банкомат ги извлекол сите пари што ги имало на сметката.

Дека му ги нема парите и картичката, делчевецот пријавил во полиција, чија истрага како крадец го лоцирала 23-годишниот В.П. од Неготино. Против него е поднесена кривична пријава за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Инаку, делата од економски криманал се во постојан пораст. Колку за илустрација за шест месеци од минатата година се регистрирани  102 дела од економски кримал, што е за трипати повеќе во однос на истиот период 2016 година, кога биле регистрирани 24 вакви случаи.

Извор: ТелевизијаСтар – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *