ЕКСКЛУЗИВНА ВЕСТ: ХИТ КОМЕДИЈАТА „СТЈУАРДЕСИ“ ГОСТУВА ВО НАШИОТ ГРАД

На 22 Март (четврток), со почеток од 19:00 часот, во Дом на култура – Македонска Каменица гостува театарската хит комедија „Стјуардеси“. Претставата е во изведба на Театарот при Дом на култура – Кавадарци, а работена е според делото „Боинг Боинг“ на Марк Камолети.

„Се работи за една класична фарса. „Стјуардеси“ има седум врати и многу необјасниви ситуации. Бернард е успешен архитект, кој има фантастичен стан, домашна помошничка и ја има формулата за совршен, полигамен живот. Оваа формула се обидува да му ја претстави на својот најдобар пријател Роберт. Формулата за совшрен живот е да се има три стјуардеси од три различни компании, кои патуваат секој ден во Скопје и за секој ден има по една различна девојка вереница. Но равенката многу брзо се распаѓа и сите непријатни ситуации се случуваат во еден стан, еден вереник, три вереници и неговиот најдобар пријател и Берта домашната помошничка која се труди да одржи се во најдобар ред“.

Оваа урнебесна комедија е во режија на Диме Коцевски, а улогите ги играат: Костадин Прокопов, Видан Станоев, Валентина Ѓорѓиова, Ребека Малиминовска, Зорица Стевковска, Уневски Даниел, Диме Коцевски.

 

Картите по цена од 70 денари ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 19 Март во просториите на Дом на Култура – Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *