ГРАЃАНИТЕ И УГОСТИТЕЛИТЕ ПОДЕЛЕНИ ОКОЛУ НОВИОТ ЗАКОН ЗА (НЕ)ПУШЕЊЕ

Пушењето во целосно затворените тераси и бавчи во кафеаните и рестораните, кое досега беше забрането, отсега ќе биде легално. Таму, ќе може да се пуши и лете и земе. Тоа значи дека посетителите без проблем можат да запалат цигара во заградената тераса, или платформа која најчесто е споена со останатиот дел од локалот, но не смеат да пушат внатре во угостителскиот локал. Ова го предвидува Законот за заштита од пушење, кој синоќа беше изгласан по скратена постапка, без присуство на опозицијата.
Дел од граѓаните се против носењето на Законот, особено оние кои се анти пушачи. Велат дека мора да има ред и да се знае каде се пуши, а каде не. Не може некој да носи Закони преку ноќ.
До сега можеше да се запали цигара во деловите од угостителските локали, само каде е заградено со стакло и фолија од три страни со можност за проветрување. Но од сега тоа нема да важи.
Угостителите поделени. Едни не ги поддржуваат Законските измени, а други велат дека допрва треба да се види дали тоа ќе биде добро, или пак не.
Дел од угостителите барем денеска не сакаа да зборуваат пред камера и да го коментираат Законот, кој како што велат бил набрзина изгласан.
Инаку, со 41 глас “За”, 14 “против” и еден воздржан, пратениците од власта сами си ги изгласаа измените во Законот за пушење. Во пресрет на гласањето се одвиваше бурна дебата меѓу дел од пратениците кои беа против изгласувањето на овие измени, а предлагачот Томислав Тунтев од СДСМ ја смирувал ситуацијата. Според дел од пратениците, со носењето на овој Закон се загрозуваат животите и на пушачите и на непушачите.
Со измените на Законот не се укинува забраната за пушење во институциите и јавните установи, канцелариите, на автобуските и железничките станици, како и во другите затворени простории.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *