Јубилеј за каменичкиот женски фудбал. ЖФК Каменица САСА слави 5 години постоење

Женскиот фудбалски клуб “Каменица САСА” од Македонска Каменица денеска, одбележува 5 години од своето постоење.

ЖФК Каменица САСА е основана на 09 Јуни 2017 година од нашиот сограѓанин и фудбалер со богата и долгогодишна интернационална кариера, Зоран Златковски.

Иако клубот постои само 5 години, веќе е двократен Шампион во Првата женска фудбалска лига (2019/20; 2020/21) и овогодишен победник<span;> во Купот на Македонија.

Како Шампион на Македонија, ЖФК Каменица САСА во изминатите две сезони се натпреваруваше и во разигрувањата по групи од Лига на шампиони.

Покрај сениорскиот тим, во кој се вбројуваат редица на македонски репрезентативки и интернационалки од Европа и САД, ЖФК Каменица САСА големо внимание посветува и на младинските школи.

Со постигнатите врвни резултати, клубот веќе е етаблиран во фудбалската мапа на Македонија, како тим воден од сериозен, стручен и прогресивен тим, кој функционира  на високо професионално ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *