Известување до граѓаните кои за Задушница ги посетуваат гробиштата кај Градската капела (Сарафски гробишта)

Свештенството при Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица упати Известување до граѓаните кои за Задушница ги посетуваат гробиштата кај Градската капела (Сарафски гробишта) во кое се вели:

Граѓаните кои поради здравствени или други причини, во Сабота на 11 Јуни 2022 година, не се во можност да чекаат да дојдат свештените лица, садовите со пченица нека ги остават пред Градската капела на веќе поставените маси за таа намена. Покрај садовите со пченици да има оставено свеќа и лист со името/имињата на покојните.

Најпрво свештеникот ќе изврши општ спомен над нив, а потоа ќе замине по парцелите на гробните места

На барање на граѓаните, на гробиштата кај Градската капела ќе има присутен свештеник и во петокот (10.07.2022 година) во 15:00 часот.

Од свештенството при Светиот храм до граѓаните упатуваат благодарност за разбирањето.

Линк до Известувањето:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=8251149558290003&id=100001851221116

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *