ЈП Камена Река превентивно отстранува суви и стари стебла опасни по околината и засадува нови на истите локации

ЈП Камена Река како претпријатие задолжено за одржување на јавната чистота и комуналната хигиена на територијата на општина Македонска Каменица, денеска започна акција за превентивно отстранување на сувите и дотраени високостеблести дрвја, кои претставуваат потенцијална опасност за околината.

Од Јавното претпријатие известуваат дека, паралелно со отстранувањето на опасните дрвја, екипите на ЈП Камена Река веднаш, на локациите, веднаш вршат засадување на нови декоративни листопадни садници.

ЈП Камена Река во текот на целата сезона, конринуирано спроведува акции за зголемување и редовно чистење и одржување на постоечките зелени и урбани јавни простори на целата територија на Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *