ФОТО од страотната сообраќајна несреќа која вчера се случи на регионалниот пат Македонска Каменица – Делчево

Страотна сообраќајна несреќа се случи вчера, на патот Македонска Каменица – Делчево. Според она што може да се види од фотографијата, среќа во несреќа е што нема човечки жртви.

Фотографијата која ја добивме од лице место, сведочи за сериозноста на несреќата. Тракторот речиси и да не може да се врати во возна состојба, а оштетен е и автомобилот со марка „ауди“.

За оваа сообраќајна несреќа, во дневниот билтен извести и МВР:

На 01.09.2022 во 09.10 часот во Полициска станица Делчево било пријавено дека на патот Македонска Каменица-Делчево, во атар на с. Драмче, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(69) од с.Саса, Македонска Каменица и трактор „Фергусон 35“ со делчевски регистарски ознаки управуван од З.П.(74) од Делчево.

Извор и ФОТО: https://24pressnews.com

Мојот Живот Е Твој

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *