ЈП Камена Река најавува целосно елиминирање на дивите приклучоци и поставување на водомери кај сите домаќинства

ЈП Камена Река најавува елиминирање на дивите приклучоци и поставување на водомерни единици за сите домаќинства во Македонска Каменица

ЈП Камена Река ги финализираше градежните работи за изградба на нова главна водоводна линија во Македонска Каменица. Од претпријатието најавуваат продолжување со поставување на секундарната мрежа на овој дел од градот и инсталирање на водомерни единици за домаќинствата од кракот на улица Каменичка, во Бачовско маало.


Исто така од Камена Река, најавуваат дека, “Според утврдената динамика, согласно Програмата и Планот за работа на ЈП Камена Река, следува период на елиминирање на приклучоците “на диво” и интензивно поставување на водомерни единици за сите домаќинства и корисници на услугите од водоводниот систем на територијата на општина Македонска Каменица”.

Голем дел од домаќинствата имаат сопствени водомерни единици, но потребата од нивно поставување кај секој еден корисник во Општината е повеќе од потребно. Заедно со отстранувањето на дивите приклучоци, оваа активност дополнително ќе донесе за рационално користење и заштеда на водните ресурси, особено во летниот период кога недостигот на вода за пиење е најприсутен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *