ЖФК Каменица САСА во сабота ја пречекува екипата на ЖФК Деспина од Прилеп

ЖФК Каменица САСА, во сабота на 26.03.2022 година, го игра 15. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија против екипата на ЖФК Деспина од Прилеп.

Натпреварот е со почеток од 14:00 часот, на Градскиот стадион во Македонска Каменица.

“Натпреварот во сабота ќе го играме со голема желба за надигрување со гостинската екипа. Со целосен респект кон противникот, мислам дека со дисциплинираност во одбраната и конкретна игра во нападот, оправдано очекуваме победа и ќе успееме да освоиме три нови значајни бодови за нашиот тим” – изјави Зоран Златковски, стратегот на актуелниот двократен македонски шампион, екипата на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица

Минатото коло ЖФК Каменица САСА, го одигра на гостински терен, со нерешен резултат без голови, против второпласираната Тиверија од Струмица.

За љубителите на добрата фудбалска игра, кои не се во можност да бидат на трибините на Градскиот стадион во сабота, Каменица.Мк и ЖФК Каменица САСА обезбедија YouTube пренос во живо.

 

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај 🥇🏆🖤⚒

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *